КОНСТАНТИН Ⅰ Велики

КОНСТАНТИН Ⅰ Велики (ок. 285 – 337) – римски император (306–337), прв римски христијански цар. Го издал Миланскиот едикт за рамноправност на религиите (313), го свикал и го раководел Првиот црковен вселенски собор во Никеја за утврдување на „Символот на верата” (325). По победата над зетот Лициниј (заедно владееле од 312 г.), и Истокот дошол под негова власт. Веднаш започнал на Босфорот да го гради Константинопол (324) и го инаугурирал за нова престолнина на Империјата (11 мај 330). Се смета дека се покрстил на смртниот одар; од црквата е прогласен за светец, заедно со мајка му Елена. ЛИТ.: Д. Г. Коусоулас, Тхе Лифе анд Тимес оф Цонстантине тхе Греат: Тхе Фирст Цхристиан Емперор, Бетхесда, 2003; М. Грант, Цонстантине тхе Греат – Тхе Ман анд Хис Тимес, Нењ Ѕорк, 1993. Б. Петр.