КОНСТАНТИНОВ, Љупчо

КОНСТАНТИНОВ, Љупчо (Охрид, 11. Ⅻ 1946) – композитор и аранжер. Неговите први творечки обиди датираат од крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите годни на ⅩⅩ в. Се истакнува и како аранжер на голем број хитови („Само ти”, Калиопи; „Бела птица”, Д. Поповски; „Љубовта е сказна заборавена”, М. Антевска, „Те барам”, Б. Велетанлиќ и др.). Подоцна пишува и филмска музика („Тулгеш”, 1977; „Црвениот коњ”, 1981; „Среќна Нова ’49”, 1986; „МакеЉупчо Константинов донска сага” и др.) и музика за театарски претстави (преку сто), при што особено е плодна соработката со режисерот Паоло Маџели („Електра”, „шехерезада”, „Лажниот цар”, „Хасанигица” и др.). М. Кол. Милош Константинов