КОМНИНИ – византиска фамилија и династија (1081–1185). За основоположник се смета Алексиј Ⅰ Комнин (1081–1118). Во времето на Комнините Византиското Царство доживеало политички, економски и културен просперитет. Покрај Алексиј Ⅰ владееле и Јован Ⅱ (1118–1143), Мануил И (1143–1180), Алексиј Ⅱ (1180– 1183) и Андроник И (1183–1185). Посебно се истакнала и историчарката Ана Комнина. ЛИТ.: Ф. Цхаландон, Лес Цомнèнес. Éтуде сур е л’емпире бѕзантин ау XI ет ЏИИЕ сиèцлес, Парис, 1900–1912, вол. 3. К. Аџ. КОМНОВ, Јован – зограф од ⅩⅤⅠⅠ в. Ја живописал црквата „Св. Петка” во Селник, каде што во ктиторскиот натпис го спомнал своето име. Му се припишуваат ѕидните слики во алинскиот манастир „Св. Спас” во Бугарија (1626). Сликарството на Ј. К. се одликува со солидна иконографска и ликовна култура. ЛИТ.: М. М. Машниќ, Црквата Света Петка во Селник и нејзините паралели со сликарството на Алинскиот манастир Свети Спас, „Културно наследство”, 17–18/1990–91, Скопје, 1994, 101-112.М. М.