КОЛЕТИС, Јоанис

КОЛЕТИС, Јоанис (?, 1774 – Атина, 1847) – грчки политичар, водач на т.н. „француска” партија, претседател на грчката Влада (1844 –1847). Во грчкото Собрание ја промовирал мегали идејата како политичка програма за создавање голема грчка држава за сметка на балканските владенија на османлиската држава, вклучувајќи ја и Македонија (1844). ЛИТ.: Ричард Клог, Историја Грчке новог доба, Београд, 2000. Д. Јов. Лазар Колишевски