КЛИСАРОВА, Лилјана Ѓорѓиева

КЛИСАРОВА, Лилјана Ѓорѓиева (Скопје, 24. Ⅶ 1939) – редовен професор (1997) на ПМФ (Институт за хемија). Преминала на работа на Фармацевтскиот факултет во Скопје и заминала во пензија во 2002 г. Дипломирала (1962), магистрирала (1979) и докторирала (1984) во Скопје. Изведувала настава по органска хемија, органска стереохемија и хетероциклична хемија за студенти по хемија и по фармација. Главна научна преокупација $ била синтезата и изолацијата на биолошки активни супстанци и следење на нивната антибактериска активност, макар што отпрвин работела во областа на аналитичката хемија. Објавила повеќе трудови во домашни и странски списанија, а презентирала и соопштенија на научни манифестации. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 234; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, 239. Б. ш.