КЛЕОПАТРА (Клеопатра) (?‡336 пр. н.е.) – седма (последна) сопруга на кралот Филип Ⅱ Македонски, внука на угледниот и влијателен македонски благородник Атал. Била многу помлада од кралот. Склучениот брак (ок. 337 пр. н.е.) предизвикал немир и раздор во кралското семејство, кралицата Олимпијада пребегнала и се засолнила на епирскиот двор, а нивниот син Александар Ⅲ Македонски – кај Илирите. По убиството на Филип Ⅱ, по наредба на Олимпијада, која можеби била организатор на атентатот, таа била убиена заедно со новороденчето. ИЗВ.: Плутарцхи, Витае Паралеллае, Липсиае, 1921; Паусаниае, Граециае Десцриптио, Липсиае, 1903; Јустини, Хисториарум Пхилиппицарум еџ Трого Помпеио, Парисиис, МДЦЦЦЏЏИИИ. ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М.-Р.