КЛЕОПАТРА

КЛЕОПАТРА (Клеопатра) (втората половина на Ⅳ в. пр. н.е.) – ќерка на кралот Филип Ⅱ Македонски од бракот со Олимпијада, сестра на Александар Ⅲ Македонски. Нејзиниот татко бил убиен во атентат токму на нејзината свадба во Ајга (336 пр. н.е.). Била сопруга на Александар, кралот на Епир, кој бил убиен во 326 г. пр. н.е. По смртта на Александар Ⅲ Македонски таа и нејзината мајка имале значајна историска улога во настаните во Македонија. Повеќе македонски војсководци, меѓу кои Леонат, Пердика, Касандар, Лисимах и Антигон се обиделе да склучат брак со неа, сметајќи дека на тој начин ќе го зајакнат своето влијание во Македонија. Одбивајќи ги сите понуди, таа конечно се решила за Птолемај, но пред да ја исполни намерата била убиена по наредба на Антигон. ИЗВ.: Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896; Јустини, Хисториарум Пхилиппицарум еџ Трого Помпеио, Парисиис, МДЦЦЦЏЏИИИ; Плутарцхи, Витае Паралеллае, Липсиае, 1921. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. К. М.-Р.