КИТАНОВ, Александар (Сандо) (с. Лешко, Горноџумајско, 1868 – с. Русиново, Малешевско, 23. Ⅻ 1906) – учител, револуционер и војвода. Завршил педагошко учите во Скопје (1898). Учителствувал во родното село. Бил активен член на МРО, учесник во Аферата Мис Стон, четник во четите на Г. Делчев и Крсто Асенов. По Илинденското востание бил војвода во Кукушко и во Малешевско. Загинал заедно со Даме Груев во борба против османлиската војска на врвот Петлец кај с. Русиново. ЛИТ.: „Македоно-одрински прегледъ“, бр. 31, 1907. В. Ѓ. Борис Павлов Китанов КИТАНОВ, Борис Павлов (Софија, 28. Ⅲ 1912 – ?, 1998) – познат флорист, фитогеограф, фитоценолог, пелеоботаничар, кој открил 105 таксони, нови за науката. По покана од Владата на Македонија дошол во Скопје и учествувал во организацијата на наставата по биологија на Скопскиот универзитет. Тој бил првиот професор по ботаника и прв шеф на Биолошкиот институт. Организира хербариум на Ботаничкиот институт, со хербарски материјали од Балканскиот Полуостров. Ја формирал Катедрата по биологија и со своите соработници ја организирал наставата и лабораториите за практични вежби по ботаника. Во учебната 1948/49 г. се вратил во Софија. Љ. Гр.