КИБЕЛА

КИБЕЛА -. малоазиска, фригиска божица, Мајка, одомаќена во Тракија, Македонија, Грција (во раноантичката епоха, а подоцна и во римската низ провинциите на Балканот). Во Македонија се почитува под името „мајка на домашните богови”, коешто е потврдено со натписи. Иконографијата (седечка статуа со полосна глава, со лавови покрај столот и со тимпан и патера во рацете) на Балканот е преземена од малоазиската Кибела. Во Македонија се откриени нејзините статуи по долината на Вардар (Сто-Кибела од Варош, Прилепско (Ⅱ в. пр.н.е.) би, Марвинци, Вардарски Рид), во Прилепско (Варош), во Долна Македонија (Пела, Вергина, Амфиполис). ЛИТ.: В. Битракова-Грозданова, Религија и уметности во антиката во Македонија, Скопје, 1999 В. Б.-Гр. Атанас Кизов-Гиза