КВАРЦ

КВАРЦ (адливец) – обично се подразбира нискотемпературна модификација на СиО соединени2 ето, која уште се нарекува и бетакварц. На територијата на РМ се појавуваат убави кристали на кварц во околината на селото Буди-Кварц нарци (Беровско), како и во одделни пегматитски жици во пелагонскиот метаморфен комплекс; заедно со другите минерали, како што се тридимит, кристобалит, калцедон, опал и др., релативно често се појавуваат во природата. Кристализира ромбоедарски во трапезоедарската тетратоедрија. Кристалите се обично комбинација на призми и ромбоедри, како и мали површини од ромбоедарски бипирамиди и ромбоедарски трапезоедар. Во природата кварцот обично се појавува во индивидуални кристали или кристални друзи. Тврдината на кварцот е 7, по боја е различен: безбоен (горски кристал); темносив, црн (морион); жолт (цитрин); виолетов (аметист). Бл. Б. Четата на Мурат Лабуништа (1942-1944)