КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО РМ

КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО РМ -. духовен дом на околу 17.400 верници, поделени во две групи: верници од римски обред (околу 4.000) и верници од византиски обред – унијати (околу 13.400). Во етнички поглед католиците од римски обред се: Албанци, Хрвати, Словенци, Полјаци и Унгарци. Тие имаат најголема концентрација во Скопје, Битола и Охрид. Католиците од византиски обред $ припаѓаат на македонската заедница и се концентрирани во 9 населени места во Југоисточна Македонија. ЛИТ.: Гаспар Гјини, Скопско-призренска бискупија кроз столеќа, Загреб, 1986; Славко Димевски, Католичката пропаганда и унијатското движење во Македонија (од средината на ⅩⅠⅩ век до Балканските војни), Одбранета докторска дисертација на Филозофскиот факултет, Скопје, 1961. М. Таш.