КАТЛАНОВСКА БАЊА

КАТЛАНОВСКА БАЊА. Се наоѓа во долниот тек на реката Пчиња, над селото Катланово, на надморска висина од 230 м. Од градот Скопје, со кој е поврзана со модерна сообраќајница, е оддалечена 25 км. Термоминералните извори се јавуваат на раседни линии кои се од поголеми размери. Една пукнатина се протега по самиот Бањски Рид и е забележлива во должина од околу 350 м. Теренот каде што се подигнати хотелските објекти е изграден од аргилошости, а Бањскиот Рид од слоевит варовник. Во околината на бањата има повеќе топли и ладни минерални извори, додека бањата со вода се снабдува од една дупка што дава 1,5 л/сец, со температура на водата од 40°Ц. Водата содржи најмногу натриум, калциум, хлор, сулфати и хидрокарбонати. Во Катлановска Бања бањата со успех се лекуваат повеќе видови ревматични заболувања, болести на половите органи, бубрезите и мочните патишта, нервни, кожни и болести на дишните органи. Бањата интензивно ја користеле уште Римјаните, потоа Турците; хотел со 156 легла бил изграден дури во 1934 г. Дене-ска во бањата постојат три хотела и неколку одморалишта со вкупен капацитет од 450 кревети. Го-дишно овде престојуваат по околу 10.000 посетители. ЛИТ.: Александар Стојмилов, Катлановска Бања, „Географски разгледи”, кн. 7, Скопје, 1969. Ал. Ст. Католичката црква во Скопје