КАСТЕЛ СПЕКУЛА

КАСТЕЛ СПЕКУЛА – . тип доцноантички фортификации во Македонија на доминантни планински врвови, со одлична визуелна комуникација со далечните точки долж позначајните патни комуникации кон поголемите доцноантички градови. Заштитени со цврсти малтерни ѕидови, обично без кули. Служеле за примање и за пренесување сигнали за тревога за претстојна опасност. Примери во Македонија: Кале, с. Барово на Водно (за Скупи) и Клепа, во централното Повардарје (за Стоби и Еурист). ЛИТ.: И. Микулчиќ, Старо Скопје со околните тврдини, Скопје, 1982, 71–72; В. Лилчиќ, Доцноантички комуникации и тврдини во регионот на Средното Повардарје, „Македонско наследство”, 7, Скопје, 1998, 13–15, 32–34. В. Л. Адем Кастрати, „Софра“