КАРАЏИЦА

КАРАЏИЦА – висока планина што го зафаќа западниот дел од масивот Јакупица и има правец на протегање ји–сз. Спрема северозапад продолжува во Сува Планина. Западната планинска страна се одликува со стрмни и високи отсеци кои речиси вертикално се спуштаат во кањонската долина на Треска. Највисоки врвови се Караџица (2.473 м), Попово (2.380 м), Убава (2.350 м). Геолошкиот состав е претставен со варовници, поради што планината е целосно карстифицирана без површински водени текови, а со површински карстни облици, пред сè ували. Т. Анд.