КАНТАРЏИЕВ, Чудомир Петров (Сливен, 23. IX 1883 – Пловдив, 17. IX 1924) – Бугарин, учесник во македонското револуционерно движење. Во 1904 г. станува четник на Јане Сандански, член на Серскиот окружен револуционерен комитет и окружен ревизор на четите во тој крај. По Младотурската револуција се легализира и дејствува на културно-просветното издигнување на серското население. Како санданист убиен е од ВМРО. ЛИТ.: В. „Македонско знаме”, IX, 1945– 1946, 62–63. О. Ив.