КАЛАЈЏИЕВСКИ, Круме Панчев

КАЛАЈЏИЕВСКИ, Круме Панчев (Скопје, 28. Ⅰ 1934) – редовен професор (1994) на ПМФ, Институт за хемија. Дипломирал (1957), магистрирал (1978) и докторирал (1983) на ПМФ во Скопје. Изведувал настава (за студенти од ПМФ и од Фармацевтскиот факултет) по предметите Аналитичка хемија, Инструментална хемија и Современи електроаналитички методи. Научната работа му е фокусирана врз електроаналитичките методи, а специјалност му е изработката на јоноселективни електроди и испитувања со нив. Објавил дваесетина научни трудови, а на научни собири презентирал триесетина соопштенија. Бил раководител на Заводот за аналитичка хемија при Институтот за хемија на ПМФ. Во пензија е од 1998 г. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 217; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, 238. Б. ш. Лазар Калајџиски-Добри