КАВРАКИРОВ, Симеон

КАВРАКИРОВ, Симеон (Солун, 16. XI 1889 – с. Осеново, Благоевградско, Бугарија, 14. Ⅵ 1934) – раководител на ВМРО(Об). Студирал право на Софискиот универзитет. Бил член на БКП(т.с.) (1920) и во Емигрантскиот комунистички сојуз, прогонуван и затворан од властите. Во ВМРО(Об) бил секретар на Обласниот комитет за Бугарија (1928), раководител на Ⅲ револуционерна област – Пиринскиот дел на Македонија (1929). На 8 јуни 1932 во Софија бил киднапиран од ВМРО на Иван Михајлов и, по долго измачување, бил убиен. ЛИТ.: Енциклопедия „Пирински крај”, т. 1, Благоевград, 2001; в. „Македонско знаме”, Софија, 1932–1934; Алексо Мартулков, Моето учество во револуционерните борби на Македонија, Скопје, 1954. З. Тод. Кадина Река