ИШИРКОВ, Анастас (Ловеч, 5. Ⅳ 1868 – Софија, 6. Ⅳ 1937) – бугарски географ. Основно образование завршил во Ловеч, а гимназија во Габрово и во Трново. Студии по историја завршил на Високото училиште во Софија (1891), а географија во Лајпциг (Германија), каде што одбранил и докторат од областа на географијата (1895). Една година е професор по географија во Софиската гимназија, а потоа заминал на специјализација по географија на Берлинскиот универзитет. На Географскиот институт при Истори-Анастас Иширков ско-филолошкиот факултет во Софија е избран за доцент (1898), за вонреден (1903) и за редовен професор (1909). Три мандати бил декан на Факултетот, потоа ректор на Софискиот универзитет, а од 1906 г. и редовен член на БАН. Бил член на бугарската делегација за потпишување на Букурешкиот мировен договор во 1913 г., член на Македонскиот научен институт и долгогодишен соработник на списанието „Македонски преглед”. Напишал голем број трудови од областа на економската географија, антропогеографијата, геоморфологијата, хидрографијата и климатологијата. БИБ.: Западната граница на Македони® и Албанците, Библиотека на Слав®нска беседа, ИВ, Софи®, 1908; Охридско езеро и град Охрид, Софи®, 1915; Струмишко, „Македонски преглед”, кн. И, Софи®, 1924; Македони® – име и граници, „Македонски преглед”, кн. Ⅲ, Софи®, 1927. Ал. Ст.