ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА ШУМСКАТА ВЕГЕТАЦИЈА ВО РМ

ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА ШУМСКАТА ВЕГЕТАЦИЈА ВО РМ. Вегетацискиот покривач во Република Македонијазапочнал да се формира уште во стариот терциер-палеоген. Палеогена Македонија претставувала архипелаг од острови во океанот Тетис. Палеогените седименти во вид на лапори денес се распространети во централна Македонија. Во нив Ф. Паџ (1951) во Скопско и Н. Пан-тиќ (1956) во Овче Поле нашле фосилни отпечатоци од палмите Трацхѕцарпус и Сабал, потоа Таџодиум, Сељуоиа, Циннамомум, Ореодапхне, Пассониа, Персеа, Мѕрица, Дрѕопхѕлум и др. Врз основа на ваквиот флористички состав се доаѓа до заклучок дека во времето на палеогенот доминирала тропска и суптропска вегетација, каква што се среќава во Мексико и во југоисточна Азија. Кон крајот на олигоценот се случиле силни орогени движења. До денешни димензии се издигнале Алпите, Динаридите, шарскопиндските планини. Тоа било причина климата да се залади и да се доселат арктотерциерни видови од родовите Ацер, Алнус, Царпинус, Фраџинус, Популус, Салиџ, Тилиа и други, а во планинските предели веќе растеле Пицеа, Абиес, Пинус, Таџус и др. Во седиментите од младиот миоцен, крај автопатот кај Велес (Караслари) се откриени купишта скаменети фосилни коски испомешани без ред од мајмуни, жирафи, газели, коњи, мастодонт, хиени и др. Тие коски се малку подгорени од пламен. Исти такви се најдени и во Грција кај Пикерни, а и длабоко во коритото на реката Рона. Тоа укажува дека на отворени места се развивала вегетација од типот на савани, како во Централна Африка, а на блатни терени растела шума од Таџодиум, од што настанал јагленот во Осломеј и во Нерези (Скопско). За овој период е значајно што Средоземното Море било сведено на два базена, западниот кај утоката на реката Рона и источниот кај утоката на реките Нил и Дрим, а меѓу базените имало копно. Сливното подрачје на реката Дрим би-ло најголемо на Балканскиот Полуостров и со него биле отворени миграционите патишта кон Западна Азија. На тоа укажуваат Јуниперус еџцелса, Ј. фоетидиссима, Пинус палассиана, Целтис тоурнефортии, Цорѕлус цолурна, Сѕринге вулгарис и др., кои тука го завршуваат својот западен ареал. Во средниот миоцен се случило длабоко тонење на котлините и нивно полнење со слатка вода. Во почетокот на плиоценот потонуваат планините Егеиди и на нивното место настанува Егејското Море во кое истекле езерата. На таков начин се прекинати миграционите патишта кон исток и запад и од тој момент настапува плеистоцената епоха. Плеистоцената епоха (дилувиум) се Решението на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава (2 август 1944) карактеризира со 4 глацијални перЕдна од лабораториите на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија (ИЦГИБ) при МАНУ иоди и меѓу нив 3 интерглацијални. Од сите нив е проучен само вирмскиот период (25.000–12.500). Од него постојат траги на ледници на шар Планина, Кораб, Јабланица, Јакупица, Пелистер и др. По овој период настапува постдилувиум или холоцен, кој е многу добро проучен во Србија, а во Македонија постојат фрагментарни податоци. Постдилувиумот се дели на 5 фази: 1. пребореална фаза – доминираат борот и брезата; 2. бореална фаза доминираат дабовите; 3. атлантска фаза – оптимална клима за мезотермна вегетација, се проширува буката; 4. суббореална фаза – климата е топла и сува и се шират медитеранските видови; 5. субатлантска фаза – трае од 2500 г. пр. н.е. до 1700 г. Тоа е времето на уништувањето на шумските комплекси за добивање земјоделско земјиште и пасишта. Потоа настапува новото ледено време сè до 1900 г. пр. н.е. Р. Р. ИСТОРИСКО ДРУШТВО НА НРМ – в. Сојуз на друштвата на историчарите на РМ.