ИНДИУМ – хемиски елемент, во групата „ретки метали”. Застапен е како придружен елемент во рудите на обоените метали. Се произведува во Топилницата за олово и цинк во Велес (в. МХК Злетово – Велес): истражување (од 1988) и производство 200–300 кг годишно (1995). Производството е запрено во 2002 г. со престанокот на работата на Топилницата. Св. Х. Ј. – Б. Н.