ИЛИНДЕНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

ИЛИНДЕНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Софија, 1923–1934 и 1941– 1944) – емигрантска организација на македонските револуционери, учесници во Илинденското востание и во ослободителните борби на Македонија. Друштвото „Илинден” било основано во Софија, во пролетта на 1921 г., како доброволна и културно-просветна организација, независна од политичките партии. Друштвото имало свој орган, в. „Илинден”, кој од 30 јули 1921 г. започнал да излегува под редакција на А. Панов. Вакви друштва биле основани во повеќе градови со македонска емиграција (81 во 1925). Основачкиот конгрес на Организацијата бил одржан во Софија (19–21. Ⅰ 1923), бил усвоен Устав, било избрано раководство од 7 члена со претседател Г. Занков. Организацијата застанала на позицијата за автономија и независност на Македонија Бегалци (1903) во балканска федерација, претставувана од органот в. „Илинден”, со редактор А. Јовков. Во 1924 г., по убиството на редакторот Јовков, паднала под влијание на ВМРО – михајловистичка. На Вториот конгрес на ИО (12–13. Ⅶ 1925), Г. Занков и А. Јовков (посмртно) биле исклучени од раководството. Новото раководство почнало да издава ново гласило „ИлÓстрация Илинден”, на чело со П. Мрмев и Хр. шалдев. По 19-мајскиот преврат (1934), Организацијата била забранета. Во Втората светска војна (1941– 1944) таа ја обновила својата дејност. ЛИТ.: Вера Гошева, Илинденската организација (1921–1941), Скопје, 2004; Зоран Тодоровски, Дејноста на Илинденската организација во борбата за зачувување на самостојноста на македонското национално ослободително движење, „Прилози за Илинден”, Ⅶ, Крушево, 1993; Надежда Цветковска, Политичката активност на македонската емиграција во Бугарија од 1918 до 1929 година, Скопје, 1990. З. Тод. Спровод на студенти-демонстранти, Охрид (1939)