ЖЕФАРОВИЧ, Христофор (Дојран, крајот на ⅩⅤⅠⅠ – Москва 18. IX 1753) – калуѓер, трговец и печатар, зограф, иконописец и бакрорезец. Работел во Белград, по манастирите на Карловачката митрополија и во Виена. Во 1741 г. во Виена ја објавил книгата „Стематографија” на словенски јазик. Во неа се претставени портрети Христофор Жефарович: на јужнословен-Македонскиот грб ски светители и владетели и грбовите на словенските земји, меѓу нив и грбот на Македонија. Тој бакрорезал и гравирал многу икони по порачка на трговци од Југозападна и Јужна Македонија. Бил на аџилак во Ерусалим и оставил опис за светиот град. ЛИТ.: Петар Колендиќ, Дзефаровиц и нјегови бакрорези, „Гласник Историског друштва у Новом Саду”, књ. 4, св. 1, Сремски Карловци, 1931; Д-р Александар Матковски, Грбовите на Македонија, (Прилог кон македонската хералдика), Скопје, 1970. М. Здр.