ЕРЕМИЈА, поп

ЕРЕМИЈА, поп (Ⅹ век) – ученик на поп Богомил и афирматор на богомилското учење. Неговите дуалистички апокрифни дела остро се осудени како еретички во Индексот на забранетите книги. Познато е неговото дело „Повест за крсното дрво” со тематика од Стариот и од Новиот завет. Се претпоставува дека бил автор и на други апокрифни книжевни дела, како што се: „Баснословие за тресавиците”, „Беседа на тројцата светители”, „Како Исус станал поп” и др. ЛИТ.: Е. Георгиев, Прокълнатият старобългарски писател поп ¯еремия, „Език и литература”, 1, София, 1964, 11–30; Ѓ. Поп-Атанасов, Речник на старата македонска литература, Скопје, 1989, 92. Ил. Вел.