ЕВЛИЈА Челеби

ЕВЛИЈА Челеби (Евлиѕа Ýбн Дер-вис Мехмед Зилли) (1611 – 1688) – најпознат османлиски патописец. Пропатувал низ Османлиското Царство и го напишал големиот „Патопис” („Сејахатнаме”) со едЕвлија Челеби ноставен стил. Во него се опфатени земјите, краевите, градовите, паланките по кои патувал. Сејахатнамето содржи вкупно 10 големи томови, средувани хронолошки од кои за балканските земји посебно се важни В, Ⅵ, Ⅶ, Ⅷ, бидејќи содржат описи на градовите, паланките и селата. Одломки од Патописот за нашите краеви се преведени на српскохрватски јазик, а последен и најцелосен е преводот на Хазим шабановиќ од 1954 г. За Македонија е интересен седмиот том, во кој се дава опис на градовите Скопје и околината (стр. 294), Куманово (стр. 294), Крива Паланка (стр. 296), Велес (стр. 303), Прилеп (стр. 304), Битола (стр. 305), најопширен простор во овој том е посветен за Охридскиот санџак (стр. 553–571) и опис на конаците од Охрид до Струмица (од стр. 572–685). ЛИТ.: Евлија Челеби, Путопис – одломци о југословенским землјама, Сарајево; 1979; Мала Енциклопедија Просвета, И, стр. 566, Београд, 1978; Британика Енциклопедиски речник, кн. Ⅲ, Скопје, 2005, 118. А. Аго Еврејки во Македонија