ДУКОВСКИ, Владимир Јованов

ДУКОВСКИ, Владимир Јованов (Скопје, 29. XI 1945) – машински инженер. Дипломирал на Факултетот за механичка технологија на Љвовскиот политехнички институт во Љвов (Украина, 1969). Магистрирал во 1973, а докторирал во 1975 г. на Факултетот за машинство и бродоградба во Загреб. На Машинскиот факултет во Скопје се вработил во 1969 г. како асистент, а од 1984 е редовен професор. Бил професор на универзитетите во Братфорд и во Приштина. Престојувал на Корнел универзитетот во САД, како стипендист на Фулбрајтовата програма. Бил ментор на докторски и магистерски дисертации, а има објавено повеќе од 20 учебници и скрипти и повеќе од 300 трудови во земјата и во странство. Бил продекан на МФ, заменик-директор на УЦМТН, проректор на УКИМ. Сл. А. Дејан Дуковски