ДРЖАВНИ СИМБОЛИ НА ДФМ/НРМ/СРМ/РМ

ДРЖАВНИ СИМБОЛИ НА ДФМ/НРМ/СРМ/РМ -. знамето, грбот и химната. Во текот на НОАВМ како национален симбол било користено, главно, традиционалното црвено знаме со жолта петокрака во горниот лев агол, а како химна песната „Изгреј зора на слободата”, со која било отворено и Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето ДФМ/ НРМ/СРМ го официјализира знамето од НОАВМ (1944– 1992), како и првиот државен грб (27. Ⅶ 1946), а многу подоцна беше прогласена и првата официјална химна „Денес над Македонија” 1. Државниот грб; 2. Знамето на СРМ; 3. Првото знаме на РМ; 4. Знамето на Република Македонија(14. Ⅳ 1989). По осамостојувањето на Република Македонијаза ново државно знаме се прифати црвената боја со симболот златно-жолто сонце, со шеснаесет зраци, на античките Македонци (11. Ⅷ 1992), кое, под притисок на Грција, со меѓународна поддршка, беше заменето со црвено знаме со осум зраци на златно-жолто сонце (4. IX 1995). ЛИТ.: Д-р Симо Младеновски, Македонските национални симболи во текот на НОБ, „Гласник”, ИНИ, 48, 1–2, Скопје, 2004, 23–42; истиот, Државните симболи на Република Македонија, Република Македонија 60 години по АСНОМ. Зборник од научниот собир по повод шеесетгодишнината од АСНОМ одржан во Скопје на 15–16 декември 2004 година, Скопје, 2005, 357–373. С. Мл.