ДРАГАШИ

ДРАГАШИ – феудално семејство од Североисточна Македонија, основано од севастократорот и деспот Дејан, оженет со благородничката Владислава (или Теодора–Евдокија), сестрата на Стефан Душан. Баштина му биле жупите Жеглигово и Прешево, а ги поседувал и областите од Скопска Црна Гора до Горна Струма, кои ги присоединил по 1355 г. За неговиот авторитет во времето на Душан упатува писмото до него од папата Инокентиј Ⅵ (1354). По неговата смрт, малолетните синови Јован и Константин, заедно со мајка им, управуМихајло Ⅱ со сопругата Елена Драгаш и со тројца од синовите, Јован, Теодор и Андроник (Илуминација, Лувр, Париз, ⅩⅤ в.) вале со Жеглигово и Горно Пострумје, а по Маричката битка (1371) браќата формирале независна држава источно од р. Вардар и во Тиквешијата (како и во Преспа?). По смртта на деспотот Јован (1379/1381), со државата владеел Константин до загинувањето кај Ровине во Влашко (1395). Семејството се прославило и по женска линија. Константин ја омажил ќерката Елена за синот на византискиот цар Јо-ван В, Мануел Ⅱ (1391–1425), со кого имала шест сина, од кои двајца, Јо-ван (Ⅷ/1425–1448) и Константин (XI/ 1449–1453), биле последните византиски цареви. Константин XI Палеолог милувал да го нарекуваат Драгаш. По паѓањето на Цариград, една негова внука се омажила со Иван Ⅲ, великиот кнез на Москва – „Третиот Рим”. ЛИТ.: Х. Матанов, Княжеството на Драгаши. Към историята на североизточна Македония в предосманската епоха, София, 1997; Д. АнастасијевиÊ, Једна византијска царица српкиња, „Братство”, 30 (1939). Б. Петр.