ДОБРИ ДОЛ – село во Гостиварско. Се наоѓа во Горни Полог, на преминот на шар Планина во Горнополошката Рамнина. Тоа се простира од двете страни на стариот пат Тетово – Гостивар, на надморска висина од околу 580 м. Добри Дол е едно од најголемите села во Полошката Котлина. Населено е со Албанци, а нивниот број е во постојан пораст. Во средината на минатиот век, поточно во 1953 г., во него живееле 2.322 ж., а во 2002 г. тој број се наголемил на 5.223 ж. Главно занимање на населението е одгледувањето житни и градинарски култури. Во селото има осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.