ДОБАР

ДОБАР – пајонско племе во долината на Струмица и западно до Стримон и истоимен пајонски град, спомнат кај Тукидид (V в. пр.н.е.) во врска со походот на одрискиот крал Ситалк во Македонија, денес во долината на Струмица, можеби кај Дојран. Литературните извори и епиграфските натписи говорат за постоење на градот од најрано време до доцната антика. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. А. шук.