ДИОН

ДИОН (Диос) – македонско врховно божество. Во книжевните списи и на епиграфските натписи е забележано со теонимот Хетаиреиос (името е поврзано со македонската институција хетајри) или Хѕперберетас (етимолошки поврзан со македонскиот месец Хѕперберетаиос и со празникот посветен на Дион – Хиперберетаиа). Засведочено е (натпис во с. Дебреште, Кавадаречко) и со епитет на божеството Хѕпераиретес. Д. кај античките автори е еквивалент на Ѕевс. ЛИТ.: Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997. А. шук. 2