ДИОНИСИЈ Ⅱ

ДИОНИСИЈ Ⅱ (од Хиос) – охридски архиепископ (меѓу 1706 и мај/август 1707 и вторпат од 4. Ⅵ 1709 – 16. Ⅶ 1714), фанариот. Се спомнува во списокот на Хрисант (1706). Во едно писмо, како архиепископ барал материјална помош од рускиот император Александар (26. Ⅻ 1706). Во тој период можно е извесно време да архиепископувал и архиепископот Ерменус (пред 11. Ⅵ 1710). ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2. От падането $ под турците до нејното униќожение (1394–1767), Софиџ, 1931; Јован Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник” на Богословски факултет „Свети Климент Охридски”, кн. 8, Скопје, 2002, 76. С. Мл.