ДЕШАТ

ДЕШАТ –. висока планина во РМ, која по должината на македонско-албанската граница се протега во меридијански правец север – југ. Кон југ претставува продолжение на планината Кораб. Нејзиното било во должина од 7 км во средишниот дел се издига, а накај Кораб на север и Крчин на југ се спушта. Од Кораб е одвоена со превалот Дешат (1.976 м), а од планината Крчин со превалот Сува Бара (2.080 м). Највисок врв е Веливар (2.375 м). На Република Македонија$ припаѓа источната планинска страна, која е дисецирана со повеќе кратки речни текови, меѓу кои најпознати се Видушка и Требишка Река. Високопланинските делови на Дешат за време на плеистоценот биле зафатени со глацијација што условило појава на фосилни циркови, валови и морени. Над шумскиот појас се протегаат високопланиски пасишта. Во цирковите има пет мали глацијални езера, од Деца бегалци Планината Дешат кои најголемо е Луков со површина од 4.000 м². ЛИТ.: Д. Василески: Радика, Тетово, 1997. Т. Анд.