ДЕСПОТОВ, Мирче

ДЕСПОТОВ, Мирче (Осој, 1802 – ?, 1883) – мајстор, градител и резбар. Работел во Дебар и во други градови во Македонија. Ја изградил и ја декорирал Јени-џамијата во Дебар, наречена „Мирче Џамиси”, касарните во Дебар, а со мајсторот Алексо Черепналкоски градел и беговски конаци во Дебар. Во Тетово ги изградил Хаки-пашините конаци. Неговиот син Алексо Мирчев (1835–1906) ја продолжува семејната традиција, градејќи во Македонија, во Бугарија и во Грција. ЛИТ.: Б. Несторовски, Р. Несторовска, Нестор Алексиев Мирчески, резбар, Скопје, 2002. Кр. Т.