ДЕНДРОФЛОРА

ДЕНДРОФЛОРА. Дендрофлората на Република Македонијаја сочинуваат 319 вида дрвја и грмушки, со повеќе од 80 подвидови и вариетети, во рамките на 119 рода и 54 фамилии, а 16% од вкупниот број видови се балкански ендемити, субендемити или реликти. Првите белешки за македонската флора ги направил А. Буе (А. Боуе) во првата половина на ⅩⅠⅩ в, кој, придружуван од ботаничарот Фридрихштал (Фриедрихстхал), патувал низ Европска Турција. Во истиот век, познатиот фитогеограф А. Гризебах (А. Грисебацх) ја пронашол моликата (Пинус пеуце Грис.) на Пелистер (1839). При крајот на ⅩⅠⅩ и во почетокот на ⅩⅩ в. низ Македонија продефилирале голем број флористи и фитогеографи, меѓу кои: Л. Адамовиќ, И. Дорфлер (И. Доерфлер), Ј. Борнмилер (Ј. Борнмуллер), Е. Форманек (Е. Форманек), К. Вандас (К. Вандас), Н. Стојанов, Т. Николов, Н. Кошанин, Т. Сошка, П. Черњавски, И. Рудски, О. Гребеншчиков, Д. Петровиќ и Х. Ем, кои ги откриле посебностите и богатството на македонската флора. По Втората светска војна, на шумарскиот факултет и на шумарскиот институт во Скопје се формираа две научни јадра, предводени од Х. Ем и од Т. Николовски, кои со своите соработници (С. Џеков, А. Андоноски, Р. Ризовски, Ј. Матвеевна) дадоа голем придонес во проучувањето на македонската дендрофлора. ЛИТ.: Ханс Ем, Преглед на дендрофлората на Македонија, Скопје, 1967. Ал. Анд.