ДЕЛЈАН, Петар

ДЕЛЈАН, Петар (Ⅹ–XI в.) – син на Гаврил Радомир и на унгарска принцеза, водач на востание. Се родил во Унгарија, каде што се засолнила неговата бремена мајка кога била протерана од својот сопруг. Живеел на унгарскиот кралски двор, каде што се обучувал во воените вештини и станал многу вешт и опитен во војувањето. Во пролетта на 1040 г., на почетокот на востанието против византиската власт, како внук на ца-рот Самуил, бил избран за востанички водач и признат за цар. Во Скопје му се приклучиле и востаници од Драчката област, предводени од Тихомир, кого го ликвидирал и застанал на чело на обединетите востанички војски. Востанието се проширило на териториите од Драч на север до Солун, Епир и Елада на југ. Кај Острово, каде што се подготвувал напад на Солун, го примил братучедот Алусијан (син на Јован Владислав) и го прифатил како совладетел. По поразот на Алусијан кај Солун, Востанието започнало да стагнира. Односите меѓу Делјан и Алусијан се влошиле. Алусијан на гозба го ослепел Делјана, потоа преминал на византиска страна. Императорот Михаил Ⅳ (1034 –1041) ги поразил востаниците (1041), го заробил Делјан и го одвел во заробеништво во Цариград. ЛИТ.: Г. Цанкова–Петкова, Петър Делян през погледа на неговите съвременици, „Исторически преглед”, ЏЏИИ/4, 1966. К. Аџ.