ДАНЕВ, Михаил Методиев (с. Долани, Штип, 1. Ⅶ 1941) – ветеринар, редовен проф. на ФВМ во Скопје и на Државниот универзитет во Тетово. Докторирал на В. ф. во Белград (1984). Работел во ЗИК „Црвена ѕвезда” во Штип, како директор на ООЗТ и генерален директор, бил претседател на Собранието на Општината Штип (1974 ‡1982), претседател на ОК на СКМ во Штип (1982/83), секретар на Претседателството на ЦК на СКМ (1986 ‡1989), потоа преминал на Ветеринарниот институт (ФВМ) во Скопје (1990 ‡2005). Бил делегат во Собранието на СРМ (1982 ‡86). Почесен член е на Академијата за ветеринарна медицина при Српското ветеринарно друштво. Објавил 77 научни и стручни трудови, учебник „Хигиена и технологија на месо, риби, јајца и нивни производи”, Водич за НАССР-систем. М. Д. – Ј. Б.