ДАВЧЕВ КАСО, Славко Томов (Долно Чичево, Велешко, 23. Ⅰ 1921 – Клиново, Кавадаречко, 20. Ⅰ 1943) – работник, револуционер и борец на ВПО „Димитар Влахов” (од јуни 1942). Член на СКОЈ од 1939, а на КПЈ од 1940 г. Во текот на 1941 и 1942 г. собирал оружје, разнесувал летоци, организирал воени курсеви и вршел подготовки за излегување во партизани. Учествувал во сите борбени акции на Одредот. Загинал во судир со соработници на бугарската власт. ЛИТ.: Велес и Велешко во НОВ 1941–1945, Спомен книга, Т. Велес, 1985; Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999. Ѓ. Малк.