ГУМЕЊЕ

ГУМЕЊЕ (Трескавец кај Прилеп) – некропола од хеленистичкиот и римскиот период. Откриени се гробови од типот на едноставни цисти, покриени со шкрилести плочи. Мермерни сполии од населбата на која $ припаѓала некрополата се вградени во манастирската црква. На еден од тие споменици се спомнуваат населбата Колобаиса и храмот посветен на Аполон и Артемида Ефеска, чија локација не е утврдена, но секако треба да се бара во непосредна близина. ЛИТ.: Н. ВулиÊ, „Споменик СКА”, ЛЏЏВИИ, Београд, 1934, 56; Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957, 223; И. Микулциц, Пелагонија у светлости археолоских налаза, Скопје, 1966, 80. К. Кеп.