ГРЧКИ ЈАЗИК

ГРЧКИ ЈАЗИК – индоевропски јазик од балкански тип, развиен од јазикот на индоевропските племиња, доселени кон крајот на 3 милениум пр.н.е. и јазикот на затеченото старобалканско и медитеранско население. По дешифрирањето на линеарното Бе (микенско) писмо развојот на г.ј. може да се следи врз писмени извори во текот на еден период од 3.500 години. Грчкото културно и јазично влијание проникнувало во централниот и северниот дел на Балканот уште од микенското, па сћ до нашево време. Словените во Македонија рано влегле во контакт со грчко-византиската култура. Првото словенско писмо и книжевни норми (според грч. обрасци) се поврзани со Солун. Во IX в. Солун послужил како мост меѓу грчко-византискиот и словенскиот свет. Преку Солун дошло уште едно силно културно движење од епохално значење за јужните Словени во ⅩⅤⅠ в., инспирирано од идеите на Дамаскин Студит за употреба на говорниот јазик во црквата и писменоста. П. Хр. Ил.