ГРУИЌ, Радослав (1878–1955) – историчар. Завршил богословија во Карловци (1899), право во Виена (1908), Филозофски факултет во Загреб (1911), каде што и докторирал (1919). Работел како свештеник, гимназиски професор по богословија, а и како професор по историја на Филозофскиот факултет во Скопје (од 1920). Бил двапати декан на Филозофскиот факултет (1930–1933, 1935–1937), еден од основачите на Скопското научно друштво, негов претседател (1921–1937) и на неговото гласило „Гласник Скопског научног друштва“ (1925). Од 1937 г. предавал историја на Српската црква на Богословскиот факултет во Белград. ЛИТ.: С. ДушаниÊ, Протојереј-ставрофор Др Радослав ГрујиÊ професор универзитета у пензији, „Гласник“, службени лист СПЦ, 36–6, 1955; Б. Сариа, Радослав М. Грујиц (1878–1955), Судост–Форсцхунген, 16, 1957. К. Аџ. Борис Грујоски