ГРОЗДАНОВ, Цветан

ГРОЗДАНОВ, Цветан (Охрид, 5. Ⅲ 1936) – историчар на уметноста, универзитетски професор и академик. Основно и средно образование завршил во Охрид, а студирал и дипломирал (1961) на Групата за историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Белград. Неговиот дипломски труд „Новооткриени средновековни портрети во Охрид” бил високо оценет и објавен (Зборник за ликовне уметности, бр. 2). По дипломирањето, како стипендист на Владата на СРМ, бил на специјализација по средновековна и византиска уметност на Филозофскиот факултет во Белград (1961-1963). Професионалната кариера ја започнал како кустос во Народниот музеј во Охрид, каде што ра-Цветан Грозданов ботел врз топографијата на сакралните споменици во југозападна Македонија, особено во Струшкиот, Дебарскиот и во Преспанскиот регион. Во 1966/1967 г., како стипендист на Француската влада, бил на усовршување во Цоллеге де Франце (кај проф. А. Грабар). Кон крајот на 1969 г. е избран за асистент по историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје, а по обновувањето на Групата за историја на уметноста (1977) предавал историја на византиската уметност. Докторирал на Филозофскиот факултет во Белград на тема „Охридското ѕидно сликарство од ⅩⅣ век”. Во 1980 г. е избран за вонреден, а во 1985 г. за редовен професор. Со свои реферати настапувал на бројни домашни и меѓународни научни собири, а неговите трудови се објавувани во научни зборници во земјата и во странство. Научноистражувачката дејност во најголем дел ги опфаќа проучувањето на средниот век (IX-ⅩⅣ) и периодот на османлиската власт во Македонија и во соседните балкански средишта, а се засновува врз теренската работа што ја извршувал во повеќе балкански земји, пред сè во Македонија и во Света Гора. Хронолошкиот распон на материјата што ја проучува ги опфаќа спомениците од времето на св. Климент Охридски, Самуиловата држава, уметноста на Охридската архиепископија и времето на Преродбата, а пишува и за некои појави и творци на современата македонска уметност. Голем дел од неговиот опус се однесува на откривањето, идентификацијата и проучувањето на портретите на св. Кирил и Методиј и нивните ученици – св. Климент, св. Наум, св. Горазд, св. Сава, св. Ангелариј (познати како Седмочисленици). Тој е најистакнат познавач на проблематиката на ликовното претставување на словенските светци во уметноста на Балканот до ⅩⅠⅩ в. Се занимава и со проучување на портетите на светителите (св. Еразмо Лихнидски, св. Ахил Лариски, св. Петнаесет тивериополски маченици), чијшто култ бил формиран во Македонија пред доселувањето на Словените, а свое место во живописот добиле по нивното христијанизирање. Ги проучува ликовните претстави на светителите кои биле проникнати и канонизирани во македонската словенска средина (св. Јоаким Осоговски, св. Прохор Пчински, св. Гаврил Лесновски) и нивната распространетост во другите балкански средини, како и портретите на истакнатите црковни личности (охридскиот архиепископ Константин Кавасила, епископот св. Иларион Мегленски и архиепископот Теофилакт Охридски, откриен во Протатот на Света Гора). Има особена заслуга за синтезата на охридскиот живопис од ⅩⅣ в. каде што, покрај студиите на циклусите и тематските особености, ги изнесува и стилсколиковните развојни насоки, но и во доменот на истражувањето и про-учувањето на други споменици од територијата на Македонија (Св. Ѓорѓи Полошки, Марковиот манастир, Богородичиниот манастирТрескавец кај Прилеп, Лесново, Св. Петнаесет тивериополски маченици и др.). Има објавено околу 300 научни прилози и одделни публикации. Покрај едукативна дејност, извршувал и повеќе должности и функции во општествените органи и тела во доменот на науката и културата: претседател на Републичката комисија за културни врски во странство и член на Извршниот совет на Собранието на СРМ, претседател на Друштвото на ис-торичарите на уметноста на СРМ, член на Југословенската комисија на УНЕСКО, член на Југословенскиот комитет за византологија, член на Сојузната комисија за културни врски со странство, ми-Монографијата „Свети Наум Охридски“ од Ц. Грозданов нистер за култура во Владата на Република Македонија(2001-2003), декан на Филозофскиот факултет и др. За член на МАНУ е избран во 1991, а за надворешен член на САНУ во 2003 г. За својата научна дејност има добиено бројни награди и признанија во земјата и во странство. БИБ.: Илустрација химни Богородичног акатиста у цркви Богородице Перивлепте у Охриду, Зборник Светозара Радојчића, Београд, 1969, 39–54; Охридското ѕидно сликарство од ⅩⅣ век, Белград – Охрид, 1980; Портрети на светителите од Македонија од IX–ⅩⅤⅠⅠⅠ век, Скопје, 1983; Ц. Грозданов – Д. ›орнаков, Историјски портрети у Полошком (Ⅱ), „Зограф”, 15 , Београд, 1984, 85–93; истите, Историјски портрети у Полошком (Ⅲ), „Зограф”, 18, Београд, 1987, 37–43; Студии за охридскиот живопис, Скопје, 1990; Ц. Грозданов – Л. Х. Мисгуицх, Курбиново, Скопје, 1992; Ахил Лариски во византискиот и поствизантискиот живопис, „Средновековна уметност”, 3, Скопје, 2001, 7–33; Уметноста и културата на ⅩⅠⅩ век во Западна Македонија, Скопје, 2004; Курбиново и други студии за фрескоживописот во Преспа, Скопје, 2006; Живописот на Охридската архиепископија, МАНУ, Скопје, 2007. А. В.-М. Ратомир Грозданоски