ГРОБАРИ

ГРОБАРИ (Силпхидае) – сештојадни тврдокрилни инсекти. Живеат претежно на животински мрши со кои се исхрануваат. Имаат сплескано тело. Кога се во опасност испуштаат смрдлив секрет од аналните жлезди, со што се бранат од непри-Гробар – сештојад тврдокрилен инсект јателот. Познат вид во Македонија е обичниот гробар (Нецропхорус веспилло Л.). Единките од овој вид навлегуваат во мршите, каде што машките и женските единки копулираат. Женките полагаат јајца; по 40 дена се изведуваат млади на кои мршата им служи како заедничка храна. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на Без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.