ГРБОВИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

ГРБОВИТЕ НА МАКЕДОНИЈА -. земски хералдички знаци на Македонија и македонската држава во минатото и во современоста, составени од цртани или релјефни елементи (лав, петокрака ѕвезда, житни класје, лента и сл.). Грбовите се среќаваат како самостојни апликации, но и на штитови, знамиња, печати, монети и сл. Најстариот познат грб е македонската осмокрака или шеснаестокрака ѕвезда на штитовите на античките Македонци. Од средновековниот период најстариот македонски грб се наоѓа во грбовникот на Корениќ-Неориќ (1595), кој се чува во Националната и свеучилишна библиотека во Загреб. На него е претставен жолт лав на црвено поле. На горната лента пишува „Цимери македонске земле”, а под грбот „Мацедониае”. Но побројната употреба на македонскиот грб започнала по објавувањето на Стематографијата на Христофор Жефаровиќ (1741), па тој почнал да се користи како амблем и на порталите во црквите, манастирите, а подоцна и на знамињата на востаниците во Разловечкото (1876) и во Илинденското востание (1903). Во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. започнала хералдичката традиција и кај одделни видни семејства во Македонија и кај иселеништвото, особено во Австрија, каде што многу Македонци имале благороднички титули. Познати се над стотина македонски грбови. Денешниот државен грб на Република Македонијае прогласен на Второто вонредно заседание на Народното собрание на НРМ (27. Ⅶ 1946). На него е претставено поле опкружено со испреплетени житни класје, плодови од афион и тутуново лисје, на дното поврзани со лента прошарана со народни мотиви. Врвовите на класјето се поврзани со црвена петокрака ѕвезда на врвот со пет полукружни линии. Среде полето е претставена река, а над неа планина со широк изгрев на сонцето на небото. По Ослободувањето се појавија и многу грбови на одделни градови, а сега и грбови на општините. Македонскиот грб во Грбовникот Македонскиот грб во Алтхановиот Македонскиот грб од околу 1620 година, на Кордениќ-Неориќ од 1595 година, грбовник од 1614 година, во Грбовникот од музејот Универзитетска библиотека, Загреб Универзитетска библиотека, Болоња за применета уметност, Белград Македонскиот грб во Грбовникот Македонскиот грб од 1675 година, Македонскиот грб во Орловскиот на Марко Скороевиќ од 1636-1638 година, Фрањевачки манастир „Св. Дух”, Фојница грбовник од 1689 година, Национална австриска библиотека, Виена Универзитетска библиотека, Болоња Македонскиот грб од крајот на ⅩⅤⅠⅠ век, Македонскиот грб во Стематографијата Македонскиот грб во Грбовникот Национална библиотека, Берлин на Павле Ритер Витезовиќ од 1694 година, „Цодеџ Кевешиќ” од 1740 година, Универзитетска библиотека, Болоња семејна реликвија, Сплит Македонскиот грб во Грбовникот Македонскиот грб во Грбовникот Македонскиот грб во оставнината на Иво Сарака од 1746 година, Сплит на грофот Ладислав Форетиќ од 1837 година, на Људевит Гај од 1842 година, Библиотека на Матица српска, Нови Сад Универзитетска библиотека, Загреб ЛИТ.: Стојан НоваковиÊ, Хералдички обичаји код Срба, „Годишњица Николе ЧупиÊа“, Београд, 1884; Александар Соловјев, Постанак илирске хералдике и породице ОхмучевиÊ, „Гласник Скопског научног друштва“, Ⅻ, 6, Скопље, 1933; Александар Матковски, Грбовите на Македонија, Скопје, 1970; Д-р Симо Младеновски, Македонските национални симболи, „Гласник” на ИНИ, 48, 1–2, Скопје, 2004, 23–42; истиот, Државните симболи на Република Македонија, „Република Македонија 60 години по АСНОМ”, Зборник од научниот собир по повод шеесетгодишнината од АСНОМ одржан во Скопје на 15-16 декември 2004 година, Скопје, 2005, 357-373. С. Мл.