ГРБИЌ, Миодраг (Сремски Карловци, Србија, 25. Ⅻ 1901 – Бел-град, Србија 30. Ⅵ 1969) – археолог. Дипломирал и докторирал археологија на Карловиот универзитет во Прага (1925). Работел во Народниот музеј во Прага и во Археолошкиот институт, а од 1926 г. работел во Белград, Скопје и во Нови Сад. Го истражувал неолитот на Балканот, особено на Старчево и Плочник. Во Македонија ги истражувал локалитетите: Градиште, Св. Еразмо над Охридско Езеро (1931–1932), заедно со Вилјем Унферцагт и ЈоМиодраг Грбиќ хан фон Рајсвиц, Зелениково (1950) и Тумба–Породин (1952). БИБ.: Одабрана грчка и римска пластика у Народном музеју у Београду, Београд, 1958; Породин, Битолј, 1960 (со П. Мачкиќ, Б. Сталио, Д. Симоска, ш. Наѓ). Д. З.