ГРАДЕЦ еден

ГРАДЕЦ еден– средновековен град во Полог, во подножјето на шар Планина, на околу 11 км северно од Гостивар, на локалитетот Градиште, на западниот раб на денешното истоимено село. Се наоѓал на главниот пат, кој водел по западниот раб на Полог. Откриени се материјални остатоци од античкиот и од средновековниот период. Во историографијата понекогаш се идентификува со средновековниот град Полог. ЛИТ.: И. Микулчиќ, Средновековни градови и тврдини во Македонија, Скопје, 1996; Т. Томоски, Средновековни градови во Полог. Македонија низ вековите. Градови, тврдини, комуникации, Скопје, 1999. К. Аџ.