ГЛАЦИЈАЛНИ РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ

ГЛАЦИЈАЛНИ РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА Република Македонија – растителни видови што претставуваат остатоци од флората, која се развивала за време на мразовото (глацијалното) доба. На територијата на Република Македонија денес се среќаваат во највисоките региони на планините (шар Планина, Кораб, Јакупица, Пелистер, Ниџе и др.), на рефугијални и ладни станишта – снежници, сипари, високопланински пасишта и сл., каде што снегот и мразот најдолго се задржуваат. За глацијални реликти во флората на Република Македонија се сметаат следниве: Дипхасиум алпинум, Дрѕас оцтопетала, Јунцус трифидус, Кобресиа мѕосуроидес, Лоиселеуриа процумбенс, Лузула спицата, Салиџ хербацеа, С. ретицулата, Саџифрага аизоидес, С. оппоситифолиа, Селегинелла селагиноидес и др. Вл. М. Дрвото „Гледич“