ГЛАСНИК СКОПСКОГ НАУЧНОГ ДРУШТВА

ГЛАСНИК СКОПСКОГ НАУЧНОГ ДРУШТВА“ – орган на Скопското научно друштво. На седницата на Советот на Филозофскиот факултет во Скопје ( 9. Ⅲ 1921) биле одобрени Правилата и било основано Скопското научно друштво. За прв претседател е избран проф. д-р Тихомир Остоиќ (првиот декан на Филозофскиот факултет во Скопје, основан од Белградскиот универзитет во 1920 г.). Во текот на летниот семестар од учебната 1924/25 г. биле одржани две сесии, со презентација на научни трудови и дискусија. Во 1925 г. Скопското научно друштво започнало со публикување на периодичното списание „Гласник Скопског научног Гласник на Скопското научно друштво друштва”, во А4 формат. Излегувал од 1925 до 1927 г. во една книга (И/1 1925; И/2 1925; Ⅱ/1–2 1926, Ⅱ/1–2 1927), а потоа бил поделен на две посебни списанија, за општествените и за природните науки. Гласникот за општествените науки континуирано продолжува до 1940 г. (бр. Ⅲ/1 1928, В/2 1929, Ⅶ–Ⅷ/3-4 1930, XI/5 1932, Ⅻ/6 1933, ⅩⅠⅠⅠ/7 1934, ⅩⅣ/8 1935, ⅩⅤ–ⅩⅤⅠ/9–10 1936, ⅩⅠⅩ/11 1938, ⅩⅪ/12 1940). Членови на Уредувачкиот одбор биле: д-р Т. Ѓорѓевиќ, д-р В. Ѓериќ, Г. Елезовиќ, д-р П. Колендиќ, д-р М. Костиќ и д-р В. Радовановиќ. Уредник на првите броеви (И–Ⅹ бил професор д-р Р. Груиќ, а на последните (XI–Ⅻ) д-р Мита Костиќ. Биле публикувани резултатите од истражувањата на археолозите, историчарите на уметноста, архитектите, етнолозите, лингвистите (Никола Вулиќ, Николај Окуњев, Радослав Груиќ, Балдуин Сариа, ќиро Трухелка, Воислав Радовановиќ, Петар Скок, Рудолф Егер, Жарко Татиќ, Милован Кокиќ, Александар Дероко, Франце Месеснел и др.). ЛИТ.: П. Сланкаменац, О Филозофском факултету у Скопљу, „Годишњак скопског Филозофског факултета”, И, Скопље, 1930, 11. В. Л.