ГЛАСНИК

ГЛАСНИК“ (Положај, ноември 1944) – орган на Дванаесеттата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ, на македонски јазик. Зачуван е првиот број, умножен на машина за пишување, во два столпца, на 20 страници. Првата статија „7 Ноември“ е посветена на Октомвриската револуција, а се објавени и написи за моралниот лик на борците на бригадата: „Нашата младина“, „Зошто се бори нашиот војник“, „3 бригада се одмара“ и сл. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 447; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 136. С. Мл.