ГЕРМАН Ⅱ ВОДЕНСКИ

ГЕРМАН Ⅱ ВОДЕНСКИ -. воденски митрополит и охридски архиепископ (8. Ⅴ 1688 – 8. Ⅷ 1691 и 1702 – првата четвртина на 1703). Неговиот избор за охридски архиепископ бил надвор од канонските правила, бидејќи бил извршен само од тројца синодални архиереи. Бил во ривалски односи со дотогашниот охридски архиепископ Григориј Ⅱ (ок. 15. Ⅹ 1679 – 1688). Насилно бил сменет, но формално се откажал од тронот дури по неколку години (1695). Подоцна пак успеал да си го поврати архиепископскиот трон (1699-1702 или најдоцна до првата четвртина на 1703). ЛИТ.: Иван Снегаров, История на Охридската архиепископия, т. 2, От падането и под турците до нейното униќожение (1394-1767), Софиџ, 1931; Јован Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник”, книга 8, Богословски факултет „Свети Климент Охридски”, Скопје, 2002, 75. С. Мл.