ГЕРАМИТЧИОСКИ, Тале

ГЕРАМИТЧИОСКИ, Тале (Прилеп, 4. IX 1962) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Дипломира (1987), магистрира (1989) и докторира (1993) на Машинскиот факултет во Скопје. Се вработува во фабриката „Еуроинвест – 11 Октомври” во При-Тале Герамитчиоски леп. Избран е за асистент на Техничкиот факултет во Битола (1987) и за редовен професор по предметите машински елементи и конструирање (2002). Бил член на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола. Во 2002 г. и 2006 г. е избиран за пратеник во Собранието на Република Македонија и потоа заменик-министер за образование и наука во Владата на РМ. Има објавено повеќе од 50 стручни и научни труда и еден учебник. Гл. К.